Православната црква и нејзините верници утре, 16 октомври, го прославуваат Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит, еден од седумдесетте помали апостоли и првиот епископ на Атина.
Според житијата и преданијата, пред да го прими христијанството, Дионисиј бил угледен атински граѓанин, судија во познатиот Ареопаг, познат по својата праведност, мудрост и благ карактер. Тој бил и семеен човек со деца. Откако ги слушнал проповедите на апостол Павле, го прифатил крштевањето и станал негов верен следбеник и сопатник.
По маченичката смрт на апостол Павле, Дионисиј заминал во Галија (денешна Франција) за да го шири Евангелието меѓу паганите. Доживеал длабока старост, се верува дека имал околу 90 години кога бил фатен и жестоко мачен за да се откаже од Христа.
Кога му била отсечена главата, се случило чудо: според преданието, неговата глава ја земала христијанката Карула, која го сокрила и подоцна чесно го погребала неговото тело.
Зад себе оставил исклучително значајни теолошки списи, поради што денес се смета за заштитник на образованите, учените и праведните луѓе.
Адети и верување за овој ден
Според православните верувања, Свети Дионисиј многу брзо ги слуша искрените молитви на оние што се наоѓаат во неволја или пред важна животна одлука.
Што треба да направите? Потребно е во текот на денот да одвоите еден миг во тишина, да запалите свеќа и да изговорите молитва, имајќи во мислите само една, јасна и искрена желба.
Доколку желбата е богоугодна и не им штети на другите, се верува дека Свети Дионисиј ќе помогне таа набрзо да се исполни.
Научен на благост и разумен во сè, облечен со добра совест како што прилега, се напои од избраниот сад на неизречените тајни. Верата ја сочува, добар крај имаше, свештеномачениче Дионисије: моли го Христа Бога да ги спаси нашите души. Амин.

