Најмалку 19 лица се повредени во судир меѓу товарен воз и автобус: Страотна несреќа доцна синоќа в…

Најмалку 19 лица се повредени во синоќешниот судир меѓу товарен воз и автобус во близина на Кокел, северна Франција. Несреќата се случила во близина на Евротунелот.

Локалните власти потврдија дека никој од повредените не е во животозагрозувачка состојба. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.

Судирот се случил во близина на влезот во товарниот тунел што ги поврзува Франција и Велика Британија. На местото на настанот веднаш биле испратени возила на итните служби, полиција и хеликоптер.

Сè уште се истражува причината за несреќата.