На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки,
управувано од 59-годишник од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 31-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

