Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Кефалонија рано утринава, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.
Потресот бил регистриран околу 2:57 часот по локално време.
Според објавените податоци, епицентарот се наоѓал на длабочина од пет километри, на оддалеченост од 11 километри од островот Итака и 93 километри од градот Патра.
Очевидци, чии сведоштва биле објавени на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), наведуваат дека земјотресот не траел долго, но дека во домовите се почувствувало нишање.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

