На 16.10.2026 околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Јадранска Магистрала на над надпатникот, товарно возило „ман“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во метална одбојна ограда.
По несреќата возачот Г.А.(70) од Гостивар бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде од страна на лекар констатирана била смрт.
Известен е јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина каде е констатирано дека истиот починал од природна смрт. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

