Излезноста на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница до 9 часот утринава изнесува 2,46 отсто, односно своето право на глас го оствариле 400 избирачи, информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Радица Тодоровска-Алексовска.
Во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, како што посочи, излезноста е намалена за 2,87 процентни поени.
– Гласањето започна утрово во 7 часот и засега тече непречено и без некои најави за евентуални проблеми – изјави Тодоровска-Алексовска на утринската прес-конференција.
Во Избирачкиот список за изборите во Брвеница се запишани 16.256 избирачи, кои гласаат на 24 избирачки места.
Од ДИК информираат и дека вчера гласале 85 од вкупно 88 болни и немоќни лица. Од деветте лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, своето право на глас го оствариле седум лица.

