Денеска е важен празник – еве што НЕ ТРЕБА да правиме на овој ден

Народни обичаи, верувања и зошто овој ден е природна граница меѓу есента и зимата!

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат споменот на Светите маченици Сергиј и Вакх, кои се вистински симбол на непоколеблива христијанска вера, пријателство и достоинство.

Според христијанското предание, Сергиј и Вакх биле угледни римски достоинственици и офицери во дворецот на царот Максимијан. Биле исклучително почитувани заради нивната храброст, мудрост и верност кон службата. Меѓутоа, кога царот дознал дека и двајцата се искрени христијани, од нив побарал јавно да им принесат жртви на паганските идоли, што тие отворено го одбиле.

Разгневениот цар наредил да им ги соблечат воените униформи, да ги облечат во женски фустани со железни обрачи околу вратот и така да ги водат по улиците за потсмев.

Потоа биле испратени на мачење во Азија. Свети Вакх им подлегнал на страшните мачења, додека Свети Сергиј бил погубен со меч, примајќи венци на бесмртна слава околу 309 година.

За овој празник се врзуваат и бројни народни обичаи и верувања кои со генерации се пренесуваат во нашиот народ.

Се верува дека овој ден е природна граница меѓу есента и зимата, односно моментот кога студеното време официјално ја презема контролата. Покрај тоа, во народот постои старо верување дека на овој ден дури и дивите ѕверови во шумите стануваат кротки и мирни.

Земјоделците на овој ден особено внимаваат да не излегуваат на нива со волови и да не ораат, бидејќи се верува дека на овој празник не треба да се работи тешка полска работа.

Овој обичај денес се пренесува и на сите оние кои рекреативно се занимаваат со одгледување растенија или работат во дворот, па се препорачува денеска да се одмори од тие активности.

Покрај тоа, во народот се верува дека Светите Сергиј и Вакх се заштитници на чевларите и занаетчиите, а според преданието, светецот на својот ден ги обиколува и празнува заедно со нив.

Исто така, се смета дека на овој ден олеснување и лек можат да пронајдат сите кои боледуваат од болести на коските и зглобовите.

Овој ден се смета и поволен за молитва за оние кои боледуваат од коскени болести или физичка слабост, бидејќи овие маченици се пример за надминување на најтешките физички страдања.