Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, најпрво во крајните западни делови, а потоа на повеќе места ќе има услови за слаб локален дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно со сочневи периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до почетокот на следната седмица, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а утре ќе бидат проследени и со појава на ретки грмежи.
Утре наместа ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, освен во петок кога ќе биде засилен и од северозападен правец.


