Три лица се полесно повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на мостот „Беласица“.
Несреќата, како што информира МВР, била пријавена во 20:50 часот.
-На улица „Беласица” после крстосница со улица „Ѓуро Ѓоновиќ” кон трговскиот центар случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од М.П.(37) од Скопје и патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки управувано од О.Ц.(21) од Скопје, наведуваат од полицијата.
Во незгодата, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

