Страотна сообраќајка во Македонија – едно лице загина

Синоќа во 21:30 часот во ОВР Берово било пријавено дека на некатегоризиран пат на место викано „Мушкови чешми“ во атар на Пехчево,

трактор со приколка со пехчевски регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот М.П. од пехчевското село Црник, излетал од патот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, од здобиените повреди М.П. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пехчево и јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот е дадено во Судска медицина за обдукција.