Тешка сообраќајна несреќа – тројца малолетници итно пренесени во болница

На 26.09.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која учествувале запрежно возило управувано од 15 – годишник од Битола,

патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(50) од Битола и товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(60) од с.Беровци, прилепско.

Во несреќата малолетникот кој го управувал запрежното возило и неговиот малолетен сопатник се здобиле со тешки телесни повреди,

додека другиот малолетен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде