Тешка сообраќајна несреќа – 17-годишно момче итно пренесено во болница

Седумнаесетгодишник од селото Добарце, Општина Желино е тешко повреден синоќа во 21 часот и 55 минути во сообраќајка на локалниот пат Тетово-Требош, по излетување на возилото во кое бил сопатник.

Автомобилот го управувал две години постаро момче од истото место.

– На локалниот пат Тетово-Требош патничко моторно возило „Форд” со италијански регистарски ознаки управувано од 19-годишниот Е.Р. од тетовско Добарце излетало од коловоз.

Во несреќата, сопатникот во возилото, 17-годишник од истото село здобил тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, а возачот телесни повреди, информира СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.


Слична содржина

На 27.09.2022 во 21.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 19.00 часот на кружната крстосница од ул.„15 Корпус“, ул.„7 Ноември“, ул.„Железничка“ и ул.„Ристо Чадо“ во Охрид,

патничко возило „шкода октавија“, управувано од Љ.С.(54) од Охрид, удрило во велосипед управуван од М.Џ.(19) од Охрид, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Џ., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, дополнуваат надлежните. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде