Се огласи познатиот метереолог: Еве кога да го очекуваме првиот СНЕГ

Познатиот метеоролог со разочарувачка временска прогноза: Еве кога да очекуваме СНЕГ!

Според метеорологот топлите денови ќе потраат уште неколку денови, а потоа ќе следува заладување и врнежи, а открива и кога може да се очекува првиот снег.

Марко Чубрило, познат метеоролог од Србија, чии прогнози се ценети во регионот, вклучително и во Македонија и Босна и Херцеговина, најави крај на топлите денови и ненадејна промена на времето веќе во текот на следната недела.

Прогнозата ја пренесуваме во целост на неговата Фејсбук страница:

,,Над нас во наредните денови ќе се зајакне антициклонското поле кое ќе донесе суво и релативно топло време.

Само на некои места може да има утринска магла или ниска облачност која може да ја намали количината на сонце во текот на денот, но температурите секако ќе бидат значително над просекот”, прогнозира Маринко Чубрило.

Според него, минималната температура ќе биде од 4 до 12 степени, освен на некои повисоки планини каде ќе има слаб мраз.

Во текот на денот ќе биде претежно од 5 до 23, локално околу 26 Целзиусови, а ќе дува слаб ветер. Околу 3 ноември има сигнал за промена на синоптиката.

Очекуваме зголемување на воздушниот притисок над северозападниот и северниот дел на Атлантикот, што ќе ги насочи фронталните нарушувања над централна Европа кон нас, каде што антициклонското поле ќе ослабне.

Околу 5 ноември, би можело да следи прво во низата влошувања кои би ни донеле врнежи и заладување, но во овој момент не се симулира силно заладување,

туку температурите би се задржале на просекот, па на повисоките планини може да има снег, што е сосема нормално за тој дел од годината”, вели Чубрило.

Метеорологот додава дека долгорочните пресметки на ГФС сугерираат дека по 10 ноември треба да очекуваме чести врнежи со температури околу или малку под просекот, додека последните проценки на ГЕФС гледаат можност за прв снег во низините по 20 ноемврi.

„Следните седум дена искористете ги за целата работа на отворено, бидејќи веројатно е дека по 4 ноември прогнозата ќе се промени и ќе пристигнат вистински есенски денови“, вели метеорологот Маринко Чубрило.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде