Едно лице е тешко повредено откако возач со товарно возило удрил во метален столб

Маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во кочанско. 

– На 24.12.2023 во 18.42 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Р-1309, во близина на „Шумската куќичка“, В.В.(47) од с.Бање,

кочанско, управувајќи товарно возило „фолксваген кеди“ со кочански регистарски ознаки, удрил во метален столб.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.М.(47) од Кочани, констатирани во Клиничка болница во Штип, информираа од МВР.

Возачот В.В. бил лишен од слобода.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани, а по целосно документирање на случајот против В.В. ќе биде поднесена соодветна пријав 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде