Поројни врнежи од дожд, град и удари на ветер од речиси 100 километри на час: СИЛНО НЕВРЕМЕ погоди делови од Австралија

Делови од источна Австралија денеска втор ден по ред ќе бидат погодени од невреме придружено со силни грмотевици, соопшти Националната метеоролошка служба, предупредувајќи на обилни дождови кои го зголемуваат ризикот од опасни поројни поплави.

Во последните 24 часа невремето низ Квинсленд во југоисточниот дел на Австралија и северните делови на Нов Јужен Велс донесе силен дожд, град и удари на ветер од речиси 100 километри на час, пренесува Ројтерс.

Руралното гратче Бирбурум на брегот на Сонцето во Квинсленд доби големо количество дожд во изминатите два дена, околу месечен просек.

„Интензивни врнежи од дожд што ќе доведат до поројни поплави“ се очекуваат во некои делови на Квинсленд, предупреди на социјалните мрежи Миријам Бредбери од Националната метеоролошка служба.

Сојузниот министер за вонредни состојби Мареј Ват рече дека владата ќе распореди околу 70 воени ветерани и пензионирани работници за итни случаи низ југоисточен Квинсленд за да помогнат во справувањето со последиците од неодамнешните бури.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде