Скопје1: Бебе со скршеница криено од родилката на скопска Гинекологија, обвинува семејството. Се огласи и директорката

Родилката Анета Дамјановска, која била породена вчера, не можела да си го види бебето до денеска оти докторите не и дозволувале.

Ова за „Скопје1“ го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски.

Тој посочува и дека бил избркан од Клиниката за гинекологија и акушерство кога, како и сите родители, побарал да си го види своето бебе.

Целиот текст и видеот прилогот погледнете го ТУКА

Викторија Јовановска, директорката на Клиника за гинекологија и акушерство за „Скопје1“ ги потврдува информациите кои ги сподели семејството Дамјкановски, дека бебето не било дадено на мајката да го види, како и дека има скршеница на раката.

Според неа, тоа бебе било на опсервација, а додека трае посматрањето и утврдувањето што се случува, редовна процедура е да не се споделуваат информации со мајката.

Целиот текст ТУКА

Извор: Скопје 1

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде