Најнова вест: Камион излета на патот Велес – Скопје

Возило „рено“ со приколка со турски регистерски таблички синоќа околу 22 часот излетало од автопатот Велес-Скопје после наплатната станица Отовица на местото викано „Пуста Кула“, управувано од 53 годишниот Р.С.од Р.Турција, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Од ТППЕ Велес информираат дека синоќа во 22:25 часот била примена дојава од страна на Итна Медицинска Помош за превртен камион шлепер на автопатот Велес-Скопје после наплатната станица Отовица.

– ТППЕ Велес излезе на лице место со едно противпожарно возило и пет пожарникари спасители. Со брзото пристигнување и брзата интервенција заглавеното лице безбедно е извадено од кабината и предадено на Итната медицинска помош, информираат од ТППЕ Велес.

Синоќа на одделот за хирургија во Општата болница од Итната медицинска помош бил донесен турски државјанин роден 1970 година.

-Лекарите веднаш го прегледаале и констатирале дека нема видливи трауматски промени и бил упатен на Одделот за Интерни болести на понатамошно испитување.

Тие констатурале дека нема потреба од болничко лекување и го испратиле дома,појасни Андова.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде