БЛАЗЕ СИ ИМ: Платите на функционерите го допираат врвот – следува ново ЗГОЛЕМУВАЊЕ од 400 евра

Новата година носи ново покачување на платите на функционерите, овој пат за 400 евра, откако минатата година добија покачување за 78%.

Зголемувањето доаѓа како резултат на зголемувањето на просечната плата, но премиерот Димитар Ковачевски нема да го добие ова дополнително покачување, бидејќи му останале уште 25 дена на оваа функција.

Од друга страна, од СДСМ се фалат дека во текот на нивното владеење и во 2024 продолжува растот на платите. Според социјалдемократите од март минималната плата во Македонија ќе биде 22 500 денари.

„Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година. Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на  2016 година“, вели СДСМ.

Во врска со платите реагираа од Европскиот сојуз за помени (ЕСП) од каде велат, додека функционерите добиваат плус 400 евра, граѓаните добија милост од 2.000 денари.

„Без никаков срам ги лажат граѓаните и ги крадат. Со неодамнешното зголемување, сега повеќето владини функционери ќе имаат плати од 2.500 до 3.000 евра. А замислете, се фалат што ја зголемиле минималната плата на 22.500 денари или околу 370 евра.

Има ли поголем срам, има ли поголема изнуда, има ли поголема дволичност од оваа власт и нејзините функционери. Замислете после неколку месеци да излезат да го побараат гласот на граѓаните и бесрамно да кажат; гласајте за нас кои имаме плати од 3000€, а платата на народот е до 370€! Срам!“, порача ЕСП.

За платите реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека платите се зголемуваат многу бавно, наспроти енормното зголемување на трошоците за живот. Оваа партија ја обвинува власта за погрешни економски политики, поточно зголемување на ДДВ за одредени производи. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е последна во регионот по економски раст од 2017 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде