ПОСЛЕДНА ВЕСТ: МВР уапси дел од напаѓачите во МНАВ

МВР само со објави соопштение дека се приведени четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ.

Соопштение од МВР

МВР ја известува јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ,

кој беше пријавен денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица.

Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде