УЖАС: Три лица загинаа, 12 се повредени, меѓу нив има и деца: Тешка сообраќајка доцна синоќа на автопат во Хрватска

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, што се случи синоќа на автопатот А-1 кај Карловац, соопшти полицијата.

Јутарњи лист дознава дека 12 лица се повредени и згрижени во четири болници. Меѓу нив има и деца.

Несреќата се случила околу 01:40 часот на автопатот А-1, во правец кон југ, после тунелот Свети Марко, а во неа учествувале повеќе возила.

Сообраќајот на тој дел од автопатот е затворен, а ќе следи истрага.

На местото на несреќата интервенирале дури седум екипи на итната медицинска помош.

Шест пациенти биле лекувани во Општата болница во Карловац, тројца во КБЦ Риека, двајца во болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде