Јоци има многу дилеми: КАКО ТАТКОТО ЗНАЕЛ КОИ ВОЗИЛА ДА ГИ СЛЕДИ НА СКОПСКИТЕ КАМЕРИ, А ЛИКОТ НА ВАЊА НЕ СЕ ГЛЕДА ВО НИЕДНО – БИЛА ВО ВРЕЌА?

Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:

КАКО ТАТКОТО А.ЃОРЧЕВСКИ ЗНАЕЛ КОИ ВОЗИЛА ДА ГИ СЛЕДИ НА СКОПСКИТЕ КАМЕРИ, А ЛИКОТ НА ВАЊА НЕ СЕ ГЛЕДА ВО НИЕДНО – БИЛА ВО ВРЕЌА?

Баш убаво што разни шарлатани ,,из Србије” почнаа да објавуваат разни снимки од камери каде се гледа низ Скопје и во Велес ,,цитроенот” на убиениот #Панче Жежовски со кој имено беше киднапирана и убиена #Вања Ѓорчевска на 27.11.

Затоа што денеска преку нив всушност дознавме дека таткото #Александар#Ѓорчевски, кој е во притвор – очигледно има многу да објаснува.

▪︎ Од тоа дали сепак убаво се познавале како семејство со киднаперот и убиец Љупчо Палевски до тоа кои му биле односите со него и останатите тројца.

Очито не беше намерата на оние кои денеска ги објавија снимките да го стават таткото Ѓорчевски во поголема каша, но изгледа и тој и сите заедно не пресметале што точно прават откако овие снимки сам ги обезбедил и ги однел во МВР.

Нека се подготви добро неговиот адвокат В.Туфегџиќ, освен ако не крене раце откако го видел вчера и денеска карамболот, кој очито сам си го направи неговиот клиент, за кој мислев невин е, но – сега не сум баш сигурна.

На објавените снимки се слуша гласот на Ѓорчевски како покажува кон компјутерот [изгледа сам го снимал дејството во станица] и притоа им објаснува на службени лица за движењето на ,,цитроенот” и ,,кангото” низ Д.Маало на кобниот 27 ноември.

Едната снимка е од пред споредниот влез на зградата од исток [веројатно симнати од козметичкиот салон отспротива Фото 1], втората е од Партизанска, пред Буњаковец.

За таа на #Партизанска, Ѓорчевски вели – ,,еве ги возилата”. [Фото 2]

▪︎Да не зборувам како на неа датумот е 27.11, но времето е 2.35 часот, што целосно не одговара со временската рамка на киднапирањето на Вања.

Да скратам.

А.Ѓорчевски обезбедил куп снимки, кои ги однел во МВР.

Но, нема снимка од главниот влез, каде бил паркиран ,,цитроенот” за да не ги фати камера кога ќе ја изнесат Вања. Тоа значи, немал можност и видео-снимка да осознае со кое возило е киднапирана.

И имено кои се лицата, доколку не ги познава – како што сам тврди и како што тврдат ,,српските шарлатани” кои имаат мисија да го претстават Ѓорчевски како невин, примерен татко и сопруг, без никакви пороци [коцка,дрога] ултра богат, итн.

Еве, стварно не знам зошто некој кој е невин не би се обратил преку адвокатот, напротив место него ,,зборуваат” ликови од подземје?

▪︎ Како и да е, Ѓорчевски не можел да знае со кое точно возило е однесена во непознат правец.

▪︎ Така кажаа и на КОД, дека возилото било паркирано во мртов агол.

Ако не видел на снимка со кое возило е киднапирана, затоа што во тој реон има стотици во реално време, ОД КАДЕ ЗНАЕЛ КОИ ДВЕ ВОЗИЛА ДА ГИ БАРА И ДА ГИ ЛОЦИРА НА КАМЕРИ НА ПРИВАТНИ ОБЈЕКТИ ОД ТУКА ДО ВЕЛЕС, да им следи движење, а потоа тоа да го објаснува во МВР?

Освен ако не здогледал познати лица преку прозорците, нели Палевски и останатите, па така и поврзал.

Врв на сé е што нашите медиуми, кои се декларираат како сериозни, а препишуваат глупости од разни будали по твитери, најнеодговорно, е што продолжуваат да лапаат како кленови сé што им сервираат шарлатаниве. И тоа лапаат сосе блинкер.

Мизерија!

П.С: Патем, ако А.Ѓорчевски се докаже дека неовластено снимал во службени простории на МВР, дури и да е невин – ќе одговара кривично.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде