Имаше само 24 години: Почина познатата порно актерка

Порно актерката Таина Филдс е пронајдена мртва во својот дом, пишува Дејли Мејл.

Веста за смртта на ѕвездата од филмовите за возрасни шокираше многумина, а фановите се простуваа од неа на социјалните мрежи.

Телото на актерката, чие вистинско име е Абигејл, беше пронајдено на 6 јануари во нејзиниот дом во Трухиљо, Перу, а причината за смртта се уште не е позната ниту објавена.

Инаку, Таина пред неколку месеци откри дека претрпела сексуална злоупотреба кога ја започнала својата кариера во индустријата за возрасни.

– Доживеав сексуално вознемирување и злоупотреба откако почнав да се занимавам со оваа работа. Многумина мислеа дека со тоа што ќе ме вработат ќе прават што сакаат со мене…

На почетокот молчев и трпев, тоа се случуваше многу пати. Многу е тешко да се биде жена и да се создава содржина за возрасни во вакво општество – рече таа на почетокот на минатата година.

Смртта на Таина доаѓа само неколку недели по смртта на Софи Андерсон, британска порно ѕвезда чиј живот исто така беше обележан со сексуално злоставување.

Андерсон (36) почина во декември, само неколку недели откако почина нејзиното момче, поранешниот фудбалер на Кристал Палас, Оливер Спединг. Причината за смртта се уште не е објавена за ниту еден од нив.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде