Во директен судир на два воза, 14 вагони излетале од шините, сообраќајот запрен во двата правци: Хаос во Русија

Во Русија 14 вагони на товарен воз што превезувал јаглен излетале од шините на делницата Алеур-Бушулеј, поради судир со празен воз кој сообраќал во спротивна насока, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Сообраќајот е запрен во двата правци, пренесува ТАСС. Нема повредени и нема опасност по околината.

Руските железници соопштија дека неколку патнички возови доцнеле поради инцидентот.

Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка за прекршување на безбедносните правила во железничкиот сообраќај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде