Полицијата во акција, уапсени повеќе млади лица

Низа апсења за дрога вчера во Скопје. Во повеќето случаи се уапсени млади лица за поседување дрога.

– На 09.01.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.С.(18) од Скопје,

затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

– На 09.01.2024 во 19.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Л.(26) од Скопје,

затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

– На 09.01.2024 во 21.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Х.(26) од Р.Албанија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 09.01.2024 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе се следи соодветен поднесок против сторителите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде