Доцна синоќа приведен Аца Лукас

Како што дознаваат и ексклузивно објавуваат српските медиуми, во текот на ноќта бил приведен пејачот Аца Лукас.

 Тргнал на Копаоник да пее, но бил спречен од сообраќајната полиција во близина на Брус,

по што бил приведен на дополнително распит, објавија српските медиуми.

Имено, Лукас бил запрен од сообраќајната полиција и приведен бидејќи возел без возачка дозвола, која му била одземена поради претходни прекршоци.

Неговиот настап на Копаоник поради оваа причина беше откажан.

Како што дознава „Блиц“, тој ќе биде задржан во притвор до утрото.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде