Страотна сообраќајна несреќа, три лица итно пренесени во болница

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на Берово.

Синоќа околу 23 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат село Смојмирово – Виница,

во близина на беровското село Мачево, возило „пасат“ управувано од Г.Г.(41) од Берово, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот и сопатникот Е.П.(43) од Берово, додека со телесни повреди се здобила Д.Т.(28) од село Смојмирово.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде