36-годишник е тешко повреден, удрил во метална ограда со возило

36-годишник од Прилеп е тешко повреден во сообраќајна несреќа. 

– На 14.01.2024 во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп,

патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде