Мое Вевчани со одговор до Бигорски: Не е страмота деца да гладовет, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?

Бура од реакции предизвика маската која се појави на Вевчанскиот карневал. Помеѓу бројните реакции се огласија и од Бигорски манастир од каде побараа организаторите да се извинат за маската.

Во целост објавата на ФБ страната Мое Вевчани:

А сега малку и за душегрижниците за Св.Васиља (Вевчански карневал)

Св.Васиља е традицја стара поќе од 1400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир !!!!

Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух.

Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница.

Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ.

Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота?

Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?

За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас.

Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.

Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално !!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде