Експлодираше бомба во Северна Митровица, двајца повредени

Две лица се повредени синоќа во Северна Митровица откако рачна бомба експлодирала нешто пред полноќ на улицата Кнез Милош, во непосредна близина на мотелот „Бишевац“.

Како што потврди за Косово онлајн заменик-командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, две лица се повредени, а неколку автомобили се оштетени.

„Околу 23 часот и 50 минути се случи експлозија во Северна Митровица.

Две лица се повредени, ќе видиме зошто дошло до експлозијата, истрагата е во тек“, изјави Елшани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде