Нови шокантни детали: Пред да ја убие Вања, Палчо ја прашувал за нивните станови и имот

Македонската јавност се уште ја чека екстрадија на Љупчо Палевски Палчо од Турција во Македонија. Тој е првоосомничен за двојносто убиство кое ја шокира цела држава, но и регионот.

Неделникот „Фокус“ во новото издание пишува нови откритија поврзани со истрагата за двојното убиство, кое во меѓувреме се проширила и се истражуваат и други сомнителни исчезнувања во Скопје, со кои оваа група може да биде поврзана.

Станува збор за исчезнувањето на Роберт Плескоњиќ, кој исчезна на почетокот на 2022-ра година.

На 15.01.2022 медиумите објавија вест дека Плескоњиќ е пријавен за исчезнат, а последните достапни информации говорат дека е виден на 5-ти јануари во околината на Новата железничка станица, место каде што и живеел.. Оттогаш му се губи секаква трага.

Во рамки на оваа сторија, „Фокус“ објави и нови информации во врска со убиствата на Панче и Вања.

Имено, според информациите на „Фокус“, клучен момент за решавање на случајот се проверките на возилото на Панче откако тоа било опожарено, по што било доведено во корелација со Палевски и неговата дружина, па клопчето почнало да се одмотува.

Пред да ја убие, тој ја испрашувал Вања во врска со станови што ги поседува нејзиното семејество.

Целата вест може да ја прочитате на ФОКУС.мк – клик ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде