Важно за сите кои патуваат: Врнежи од слаб снег на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка и Стража, соопшти ЈП Македонија пат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 год. затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд во југозападниот дел од земјата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде