Објавени првите снимки: 30 работници затруени од испарувања од лепак, тројца тешко повредени – драма во фабрика во Србија

Во фабриката Магна во Алексинац вечерва се затруле 33 работници, најверојатно од испарувања од лепак, потврди за „Блиц“, началникот на Итната помош д-р Ненад Марковиќ.

– Три пациентки со потешки симптоми се донесени на токсикологија во Ниш, а триесетина се прегледани во итната медицинска помош.

Еден пациент е испратен до интерното одделение за дополнително набљудување . Ничиј живот не е во опасност, сите се стабилни – изјави д-р Марковиќ за Блиц.

Откриена е потенцијална причина

Лекарите од Итната помош во Алексинац дојдоа од дома на повик да ги згрижат работниците кои се појавија со симптоми на труење бидејќи немаше доволно медицински работници на смена.

Според првите информации, труење со испарувања настанало при лепење на подни облоги.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде