Убава најава: Овие пари наскоро ќе легнат на вашите сметки

Според Законот, Управата за јавни приходи парите од „Мој ДДВ“ треба да ги исплати во рок од 60 дена од завршувањето на тромесечието.

Во текот на јануари 2024 или на почеток на февруари се очекува да пристигнат парите од Мој ДДВ на сметките на граѓаните кои скенираат фискални.

Оние граѓани кои скенираат фискални сметки, парите за последното тромесечје од 2023 година треба да ги очекуваат во текот на јануари или почетокот на февруари.

За нешто повеќе четири години од спроведувањето на оваа мерка, преку „МојДДВ“ на сметките на граѓаните се слеале безмалку 120 милиони евра.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде