Фото: Ова е момчето кое зaгина во Грција – сакал да направи селфи, па хеликоптер го „исkасапил“

Богат турист од Англија Џек Фентон (22) трагично загинал во Грција кога бил исkасапен од пропелерите на хеликоптер.

Несреќата се случила во понеделникот попладне, а младиот човек со својата сестра и уште двајца туристи пристигнал со приватен лет кој го платиле неговите родители, од Миконос до Атина. Туристите биле во хеликоптерот и почнале да излегуваат пред целосно да запрат пропелерите на хеликоптерот.

Младиот човек почнал да го заобиколува хеликоптерот од задната страна додека моторите уште работеле и налетал на пропелерите кои го здробиле за неколку секунди. Се верува дека тој се обидувал да направи селфи кога случајно го допрел пропелерот додека го држел телефонот.

Иако екипите на итната помош пристигнале брзо, младиот човек не можел да се спаси. Пилотот на хеликоптерот, наводно, бил приведен и обвинет за y6иство од небрежност бидејќи ги пуштил патниците да го напуштат леталото пред да престане да работи моторот и да се вртат пропелерите.

Ужаcoт се одвивал пред очите на сопствената сестра и уште двајца туристи, како и пред вработените на приватниот аеродром. Зад нив слетал уште еден хеликоптер, со нивните родители, а пилотот на првиот веднаш преку радио им јавил што се случило за да може вториот хеликоптер да продолжи да лета.

Медиумите јавуваат дека таткото на починатиот млад човек е Мигел Фентон, директор за продажба и маркетинг на The Hop Farm, имот од 400 хектари со бројни атракции за посетители во Белтриг, Кент.

Грчката полиција истражува зошто младиот човек излегол од хеликоптерот додека роторите се уште работеле. Пропелерите продолжуваат да се вртат околу две минути по исклучувањето на моторот, освен ако пилотот не притисне копче што ги запира за помалку од една минута.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде