Секој ден по најмалку десетина граѓани завршуваат во болница поради мозочен удар. Една четвртина од капацитетот на Неврологија во моментот е исполнет со оваа патологија, а Брза Помош носи пациенти и во ГОБ 8-ми септември.
Температурните шокови и временските услови овој период една од причините за мозочно крварење и кај помлади и кај постари.
– Кога има опаѓање на температурите, опаѓање на атмосверскиот притисок и кога организмот не може се уште да се навикне на проментие, очекува дека времето ќе биде исто или слично и тогаш доаѓа до зголемен број на мозочни удари, вели др. Иван Барбов, директор на Клиника за неврологија.
Кога некој ќе добие мозочен удар, семејството и околината не можат многу да помогнат освен да го свртат на страна и веднаш да побараат лекарска помош. Освен оваа патологија невролозите предупредуваат дека во летниот период по прележан стомачен вирус или респираторни инфекции може да дојде и до појава на автоимуната болест – воспаление на периферните неври.
– Трнење на рацете, појава на мускулни болки а во краен случај доаѓа и до целосно одземање на рацете и нозете односно целосно парализирање, вели др. Барбов.
За оваа дијагноза има лек но третманот и рехабилитацијата може да траат многу подолг период, велат невролозите.
Инаку, според метеоалармот земјата до утре е во портокалова фаза со пеколни температури.
Извор: Сител