Србин истепал девојка од Скопје, полицијата го уапсила

32-годишен државјанин на Србија вчера физички ја нападнал неговата партнерка од Скопје, по што бил уапсен, соопшти МВР.

„На 26.07.2022 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.П.(32) од Република Србија, затоа што околу 00.00 часот физички ја нападнал неговата 26-годишна партнерка од Скопје“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде