Земјоделци, побрзајте со АПЛИКАЦИЈА: Од денеска е отворено аплицирањето за дополнителна финансиска поддршка за овие земјоделци

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Од денеска до 31.10 е отворено аплицирањето за дополнителна финансиска поддршка за сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со:

пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над 1 хектар и оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети а воедно оствариле принос најмалку од:

4.000 кг/ха за пченица

3.000 кг/ха за јачмен, рж и овес

1.500 кг/ха за сончоглед

Висината на дополнителната финансиска поддршка е 5760 денари по хектар.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет.

Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде