Видео: Град и силен дожд направија пустош – Погледнете какво невреме попладнево го погоди регионот на Војводина

На видеата од социјалните мрежи може да се види дека северните делови од Србија ги зафати силен дожд проследен со град кој паѓаше неколку минути.

Многу возачи кои за време на невремето се најдоа на автопатот меѓу Белград и Нови Сад, ги паркираа возилата на лентата за застанување и чекаа градот да помине.

Стара Пазова и Змајево побеле од градот кој паѓаше неколку минути. За кратко време падна голема количина на дожд.

Метеоролозите на Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија најавија врнежи со грмежи и во текот на вечерта.

До крајот на неделата, според прогнозата на метеорологот, Србија ја очекува студени утра, а за време на викендот температурата само значително ќе се зголеми.

До крајот на неделата утрата ќе бидат студени, особено во сабота, кога на теренот на места и во пониските предели ќе има услови за слаб мраз.

За време на викендот позабележителен пораст на дневните температури, а ќе почне да дува јужен и југоисточен ветер.

Во сабота по ведро утро во текот на денот ќе биде малку до умерено облачно, а во недела попладне и во понеделник повторно се очекуваат врнежи од дожд и грмежи, најпрво на север, запад и југозапад од Србија – пишува во објавата на веб-страницата на РХМЗ.

Во продолжение погледнете ги видеата од невремето во регионот на Војводина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде