





Шефот на кабинетот на новиот директор на ЈП Водовод и Канализација Марјан Митовски кој го назначи Данела Арсовска сее страв насекаде низ претпријатието, пренесува Курир.




Ова е и видео евидентирано, а на снимката објавена на Фејсбук се гледа како неговиот шеф на кабинет по име Јовче од прв ден сее страв и мава недолжни луѓе по ходници и лифтови.




„Марјанчо не знае кај тера.
Водовод е единствена фирма со двајца шефови на кабинет, Јовче куварот од прв ден сее страв и мава недолжни луѓе по ходници/лифтови!




Данела свесно ја уништува фирмата со несоодветни кадри“, стои во објавата на Фејсбук.




Инаку од ВМРО-ДПМНЕ поднесе и претставка до Државната комисија за спречување на корупција поради тоа што новиот директор во




исто време е и член на Управниот одбор на ЈП „Улици и патишта“, па со ова Арсовска го назначила на две функции.



