Конечно откриено: Еве кој ќе го замени Марк во „Брза кујна“

На изненадување на многумина, пред одреден период, Шеф Марк од „Брза кујна“, објави дека нема повеќе да биде дел од овој проект.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна… се надевам оти ви е јасно за што не… се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша тогаш Марк.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Сања неодамна на Фејсбук го најави стартот на новата сезона на „Брза кујна“, сликана во кратки пантолони и со поинаква шминка и фризура. Таа изненади со овој нов имиџ, со кој изгледа топ и порача:

– Наскоро… Нова сезона на Брза кујна. И моите шефови се тука некаде низ кујните. Деновиве ќе се сликнам и со нив.

Сега се зафатени, готват, брзаат и ви подготвуваат супер сезона“, напиша Сања.

Брза кујна објави убави вести, тоест го објави новиот тим, ио сега се знае кој ќе го замени шеф Марк кој летово си замина од шоуто. Се уште не се објави терминито, тоест од кога ќе почне новото кулинарски шоу да се емитува на ТВ.

-Нов тим, за нови изненадувања во новата 8-ма сезона на најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна!!! Наскоро на ТВ Сител! Во редовниот и добро познат термин, секој работен ден во 17.00 часот !

Оваа сезона , шеф Бобан Симоновски ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.

Асистентите кои ќе бидат дел од оваа сезона ќе имаат можност да готват со едни од најдобрите готвачи во Македонија и регионот. Вистински професионалци, со богато искуство и познавање во кулинарство.

Шефовите, заедно со водителката Сања Савеска, секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, и ќе понудат многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.

Наскоро на ТВ Сител 8 – ма сезона на БРЗА КУЈНА !!!“, стои во објавата на Бра кујна. Во сите коментатри, обожавателите им посакале среќа, само еден вели: БЕЗ МАРК, не сте повеќе ШО Ш’ОУ, наздравје ..“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде