МОЌНО: Пандев објави видео кое ќе ве „наежи до коcка“

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев веќе три дена е тема во италијанските медиуми откако и официјално објави крај на кариерата.

Пандев во 2001 година како тинејџер дојде во младинскиот тим на Интер, а подоцна го носеше дресот на Анкона, Лацио, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

Со Интер ги освои сите клупски трофеи, а со Македонија заигра на Европското првенство па затоа порачува дека нема за што да жали.

„Немам за што да жалам, повеќе не можев да направам од она што го направив. Од мало градче дојдов во Италија и ги освоив сите пехари. Тоа е сон на секој, а мене тој сон ми се оствари.

 Освојувањето на Лигата на шампионите е нешто за што сонува секој фудбалер, јас тоа го направив со Интер.

Настапот со Македонија на Европското првенство исто така ми беше нешто за што сонував и со голот таму го направив само тој момент поубав“, истакна Пандев.

Македонската фудбалска легенда со емотивно видео се збогуваше од бубамарата.

Неколку познати фудбалски имиња му коментираа и на објавата на социјалната мрежа на „Инстаграм“.

Гоче, кој веројатно е нашиот најдобар фудбалер во историјата, имаше блескава кариера играјќи за Интер, Наполи, Лацио, Џенова, Парма, Галатасарај. А, секако, круна на кариерата беше настапот со Македонија на последното ЕП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде