





По кратко и тешко боледување почина долгогодишниот новинар и уредник Венко Кричевски, роден 1957 година.




Најголем дел од кариерата помина во дневниот весник Вечер, а има работено и за повеќе други весници и списанија.




Погребот ќе биде извршен утре од 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.




РЕДАКЦИЈАТА НА ИНФОРМАТОР ИЗРАЗУВА СОЧУВСТВО ДО НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО




