Во најавата за новото издание на 360 Степени, кое ќе се емитува вечерва (3 октомври 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат, помеѓу другото е и изјава на Трајанов каде вели дека тој е за широка коалиција со учество на ВМРО ДПМНЕ.
Во најновото издание на 360 Степени ќе гледате:
– На тема стабилност на мнозинството, Павле Трајанов, чиј Демократски сојуз е дел од власта, сугерира широка коалиција со учество и на ВМРО-ДПМНЕ; „Огнените“ од ДУИ нема да гласаат „сè што доаѓа од извршната власт на Артан Груби“;
– Европската политичка заедница, идеја на Емануел Макрон, в четврток во Прага ќе го има првиот самит – дали се промовира европска втора лига: францускиот амбасадор Бомгартнер и шефот на дипломатијата Османи негираат;
– Колку е реалистична целта што ја постави Владата – Северна Македонија да стане членка на ЕУ во 2030 г.: интервју со Владимир Дробњак, главниот хрватски преговарач со Унијата;
– И додека сите се жалат на повисоките цени, проверките што ги направивме нè донесоа до зачудувачки податок – во време на најголемата економска криза во земјава се увезени рекорден број нови автомобили во последната деценија, како;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.