Aпасиев уште еднаш yдри по Ковачевски: Денес требаше да имаме ПАРНО, а од Владата добивме…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на Фејсбук ги повикува граѓаните да не ја платат последната сметка за парно од БЕГ затоа што денеска не им била испорачана топлинска енергија до домовите како што предвидува законот.

– Согласно законот, денеска требаше да имаме ПАРНО. Од Владата добивме ПОpНО.

p.s. После ова, повикувам да не ја плаќаме последната сметка на БЕГ за месец септември – а ако не утужат, да си истакнеме „компензационен приговор“ у парница.

Слична содржина

Се огласи Апасиев и предизвика БУРА од реакции: Во илегалното бомбардирање на НАТО врз Југославија беа фрлени 12 тони осиромашен ураниум

Рускиот претседател Путин се заканува дека ќе употреби атомско оружје. Колкава е веројатноста од нуклеарен напад? Колку би биле НАТО и Западот подготвени за такво нешто?

Нескриена воена реторика на еден бескрупулозен агресор: „Сакам оние кои даваат такви искази за Русија да ги потсетам дека и нашата земја располага со различни деструктивни оружја и некои се помодерни  од оние на земјите од НАТО. 

Ако е загрозен територијалниот интегритет на државата, секако дека ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ја заштитиме Русија и нашиот народ.“

Тоа Путин неделава ѝ го соопшти на нацијата и на светот. Западот му префрла уцена со нуклеарен напад. Тој пак не остава дилеми околу својата решителност:

„Ова не е блеф. Оние што се обидуваат да нѐ уценат со атомско оpужје, треба да знаат дека нештата може да се свртат против нив.“

Во врска со тоа се огласи и пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. Фејсбук постот ви го пренесуваме во целост.

Околу можната употреба на нуклеарно оружје, за заробените соросписки умови кои подзаборавиле…

Во илегалното бомбардирање на NATO врз Југославија беа фрлени 12 тони ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ во Јужна Србија, што доведе до 100 пати зголемена радијација над максимално дозволените граници во регионот на Призрен, Прешево и Врање – што, пак, доведе до 7.000 заболени од рак!

Колку за споредба, тоа е како да експлодирал нуклеарниот реактор на централата „Кршко“ во Словенија, напиша Апасиев на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде