Кумот и екс бизнис партнер на премиерот Ковачевски, Горан Паунов е сомничен за лажно спроведен надзор за изградба на нови линии и одржување и реконструкција на постојна мрежа за улично осветлување во општина Гази Баба, дознава „А1он“.
Паунов е еден од лицата осомничени во кривичната пријава за тендерот кој е реализиран минатата година во време на екс градоначалникот на СДСМ, Борис Георгиевски.
Дека институциите водат постапка, за „А1он“ потврдиле и од Гази Баба, од каде ни одговорија дека уште на почетокот на јануари,
градоначалникот Бобан Стефкоски донел решение за формирање на Комисија за проверка на извршувањето на договорите со јавното осветлување во општината.
Еден месец подоцна, во февруари, ги доставиле бараните информации до обвинителот Љубомир Јовески, Обвинителството за организиран криминал и корупција и Финансиската полиција.
Во моментот, кривичната пријава се наоѓа во Скопското јавно обвинителство. Од таму, за „А1он“ велат дека предметот е оформен по известување од општината до Обвинителството за организиран криминал,
а кон него е споена и кривичната пријава од Управата за финансиска полиција од 4 мај 2022 година.