ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ПРАВИ СКЛЕКОВИ – Јанко се огласи за видеото кое предизвика БУРА од реакции во јавноста

На социјалните мрежи се споделува видео со млад македонски полицаец кој пред да стигне на работа рано утрото на улица среде Скопје прави склекови. Како што се наведува во дел од коментарите на видеото објавено на социјалната мрежа Твитер,

младиот полицаец го снимил еден од станарите од соседната зграда лоцирана во непосредна близина на Италијанската Амбасада во центарот на Скопје.

И додека на некои им делува само смешно и интересно, најголемиот дел од коментарите за младиот полицаец се: „Ова е за поздрав. Дај боже барем половина од полицајците да се како овој“.

Интересно е што видеото за 24 часа на социјалните мрежи достигна гледаност од преку 12 илјади прегледи.

На оваа тема се огласи и Јанко Илковски.

Фејсбук статус на Јанко Илковски:

ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ПРАВИ СКЛЕКОВИ

– видеото е забавно и тоа треба да остане – ништо повеќе

– полицаецот ништо лошо не направи ниту со постапката ја посрамоти униформата

– покажа дека е во извонредна физичка форма и му се восхитувам

– не можам да разберам измевањето – оти има разлика, смешно, хумор и исмевање омаловажување, а покажавте дека сте кадарни да понижите но немате интелектуален капацитет за хумор.

– повеќето кои глумат душегрижништво физички се толку неспособни, да ако легнат не (едвај) можат да станат

– јас би бил пресреќен да повеќето полицајци се во таква физичка подготвеност

– би бил уште посреќен вие да сте така спремни и во форма

– ЈАС би бил најсреќен ЈАС да сум половинка од него

– ЈАДЕТЕ БУРЕК дволични момакот е ТОП

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде