Нова автобуска несреќа го потресе светот: Најмалку 25 лица загинаа откако автобус кој превезувал луѓе на свадба паднал во провалија

Најмалку 25 лица загинаа кога автобус падна во провалија во планините на северот на Индија, соопшти денеска полицијата.

Автобусот превезувал околу 45 патници на свадба на опасен планински пат во индиската држава Утараханд, кога возачот извртел и предизвикал возилото да падне во клисура длабока 500 метри.

„Дваесет луѓе беа спасени“, рече Ашок Кумар, полициски функционер.

Премиерот Нарендра Моди рече дека „целата потребна помош“ ќе им биде укажана на преживеаните и им изрази сочувство на семејствата.

Сообраќајните несреќи се чести и имаат фатални последици во државата Утараханд, во која се наоѓа дел од индиските Хималаи и бројни светилишта.

Повеќе од 20 аџии загинаа во јуни кога нивниот автобус се урна на пат кон светилиштето посветено на хиндуското божество Јамуна северно од Дехрадун, главниот град на државата.

Според извештајот на Светската банка од 2021 година, Индија учествува со 11 отсто од сите сообраќајни несреќи иако има само 1 отсто од светската автомобилска флота.

Според извештајот, Индија губи 150.000 животи секоја година во сообраќајни несреќи, кои ја чинат индиската економија околу 75 милијарди долари годишно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде