Што се случува и со децата? Место да се дружат две деца из6oделе нивни врсник…

На 04.10.2022 во 22.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник од Скопје со повpеда од остар предмет, информираат од МВР.

По преземени мерки било констатирано дека малолетникот на подрачјето на Бит Пазар бил повреден од други двајца малолетници од Скопје, со кои имал претходни недоразбирања.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат надлежните власти.

Слична содржина

Тажна вест: Почина познатиот филмски актер, зад себе остави три деца

Американскиот актер, Пол Сорвино, можеби најпознат по улогите во филмот „Добри момци“ и телевизиската серија „Закон и ред“, почина на 84-годишна возраст.

Публицистот на глумецот, Роџер Нил, потврди дека Сорвино починал од природна смрт, во американската сојузна држава Индијана. Смртта на актерот ја потврди неговата сопруга Ди Ди.

Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино. Тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш ги красел екранот и сцената – изјави таа за „Холивуд рипортер“.

Роден во Бруклин во италијанско-американско семејство, Сорвино почнал да глуми додека студирал на Американската академија за музика и драма во Њујорк. Првично се надевал дека ќе стане оперски пејач.

По своето деби на Бродвеј во мјузиклот „Бажур“ во 1964 година, следеше и неговиот прв филм „Каде е Папа?“ (Where’s Poppa?).

Сепак, неговата најпозната улога е е онаа од 1990 година, во гангстерскиот филм на Мартин Скорсезе „Добрите момци“. Таму го глуми Пол Цицеро, лик заснован на мафијашот од вистинскиот живот, Пол Варио.

Пол Сорвино имаше три деца, меѓу кои и оскаровкката Мира Сорвино, која на својот татко му го посвети својот „Оскар“ за „Моќната Афродита“ од 1995 година

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде