(видео) Македонија не го заборава Тоше – вака беше пред точно 15 години на неговиот последен концерт: Денес во Крушево ќе пеат неговите пријатели

Пред точно 15 години, на денешен ден 05.10.2007 година, прерано починатиот и никогаш не прежален Тоше Проески пееше за последен пат пред своите фанови.

Последниот концерт на еден од најголемите музички балкански ѕвезди започна во 19:30 часот на Градскиот стадион каде имаше околу 40.000 посетители.

Само 11 дена подоцна, Тоше трагично го изгуби својот живот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.

Министерството за култура и Спомен-куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет со денешниот концерт во Крушево.

Првпат Крушево ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен-куќа во Крушево, со почеток во 19 часот,

а дел од него ќе бидат следните музички гости: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов.

Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше.

Ги повикуваме сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас сѐ уште трае и постои во секој негов стих и нота.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде