Жан Митрев дал гаранција од милион евра дека нема да бега

Сопственикот на приватната болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега по случајот што го отвори Обвинителството. 

Ова се случило пред околу еден месец откако во меѓувреме на кардиохирургот му беше одземена патната исправа. 

Ваква одлука тогаш ја донесе судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство го сослуша и побара мерка за обезбедување.

„Зголемени се мерките за присуство и покрај патната исправа од осомничениот е дадена гаранција дека нема да избега во готов износ од 1 милион евра во Кривичниот суд и цениме дека со овие мерки е обезбедено присуство на обвинетиот“, рече шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски на денешниот брифинг.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти,

ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација.

Од Обвинителството појаснуваат дека се очекува истрагата да заврши за околу три месеци, а досега исказ дале околу 80 отсто од пријавените оштетени.

Извор: Фактор.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде